Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на општина Охрид  со Секторот за внатрешни работи-Охрид во координација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ден 14.02.2026 година во рамки на кампањата #ВозиБезбедноВозиСоЉубов – #СекојЖивотЕВажен,  реализира координирани превентивно-едукативни активности со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подигање на јавната свест за ризиците од неодговорно однесување на патиштата.  Преку директна комуникација со возачите, беа упатени апели за одговорно учество во сообраќајот, особено во денови кога се зголемува ризикот од управување со возило под дејство на алкохол.

На учесниците во сообраќајот им беа поделени промотивно-едукативни материјали со јасна порака: „Алкохолот и воланот не се добар пар“ и апел за одговорно однесување во сообраќајот, почитување на сообраќајната сигнализација и ограничувањата на брзината, во интерес на личната и колективната безбедност.

ПРЕВЕНТИВНА КАМПАЊА „АЛКОХОЛОТ И ВОЛАНОТ НЕ СЕ ДОБАР ПАР“