Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими висока делегација  од Узбекистан предводена од градоначалникот на општина Џизах, Азимов Зафар Абдумаидовиќ.

На работната средба на којашто  присуствуваа  и  претставници од  тамошните Министерставата за економија и финансии се  разгледуваа можностите за збратимување меѓу двата града Охрид и Џизах како најголеми туристички центри во двете држави.  Тоа би значело воспоставување цврста  туристичката соработка и бројна посетеност на охридската ревиера од гости од Узбекистан. Соработка би се воспоставила и во делот на образование, култура и економијa преку развојните технолошко – индустриски зони со кои располагаат двата града.

Гостите беа информирани и за субвенциите кои  на локално и државно ниво им следат на гостите и туроператорите доколку би се воспоставила соработката.

На средбата стана збор и за меѓународниот туристички форум којшто секоја година се  одржува во Узбекистан и придобивките од него.

Како  македонскиот Охрид, така и узбекистанскиот  Џизах е најживописниот град со бројни посетители и гости од цел Свет во текот на годината.

Делегацијата од Узбекистан претходно остварила средба со високи владини претставници од областа на економија  и финансии.