Градоначалникот Кирил Пецаков во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије) во Република Македонија, Н.Е. Фатих Улусој, кој беше придружуван од почесниот конзул на Турција (Туркије) во Охрид, Абдураман Бајрактар. На средбата, високите дипломатски претставници упатија срдечни честитки до градоначалникот Пецаков за неговиот нов мандат со надеж дека соработката на Општина Охрид и Турската амбасада ќе продолжи и во иднина во повеќе сфери на општественото живеење.

Градоначалниот Кирил Пецаков оствари средба и со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На средбата се разговараше за актуелни теми околу реалаизацијата на важни инфраструктурни проекти, како и за можностите за зајакнување на заедничката соработка во областа на туризмот и културата.